Во пријатна и свечена атмосфера ❄️🎶, на 18 декември 2025 година (четврток) со почеток во 17:00 часот, во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка успешно се реализираше Новогодишниот концерт.🎹🎁

🎄На концертот настапија ученици од класите на професорите Лариса Жулина-Митовски, Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и Марјан Бошковски, кои со голема посветеност и љубов кон музиката се претставија пред публиката. Нивните изведби беа доказ за континуираната и квалитетна работа, како и за вложениот труд во текот на првото полугодие.

✨Упатуваме искрена благодарност до наставниците за нивната професионалност, трпение и несебична посветеност во подготовката на учениците. Посебна благодарност и до родителите, кои со своето присуство и поддршка придонесоа концертот да биде исполнет со топлина, радост и празничен дух.✨❄️

🎄Новогодишниот концерт уште еднаш покажа дека музиката е силна врска меѓу училиштето, учениците и семејствата и дека преку уметноста се градат трајни вредности.

На сите ученици, наставници и родители им ги честитаме претстојните празници 🎄🎁 и им посакуваме среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, радост и нови музички доживувања! 🎶✨