На 02.03.2026 година, во нашето училиште успешно се реализираше проектот „Промо турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“, со кој учениците имаа можност да се запознаат со значењето на археолошкиот локалитет Тумба Маџари.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам и се реализира во соработка со Археолошки музеј на Македонија.
Преку интересна презентација и проекција на едукативен филм, учениците имаа можност да научат повеќе за историјата, археолошките откритија и културното значење на овој значаен локалитет. Посебен акцент беше ставен на Големата Мајка – божицата мајка, симбол на Тумба Маџари и на градот Скопје.
Во рамки на настанот, на учениците им беа поделени флаери и стикери, со цел подигнување на свеста за зачувување на културното наследство и неговото значење.
Нашето училиште со задоволство беше дел од оваа значајна иницијатива која придонесува за збогатување на знаењата и поттикнување на интересот кај учениците за историјата и археологијата.