На 11.11.2025 година, во Европската куќа – Крива Паланка се одржа второто „Даскалско кафе“ на тема Интерактивни методи за активни ученици, организирано од Клубот на наставници. Настанот го модерираше наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.
Наставниците разменуваа идеи и се запознаа со дигитални алатки кои поттикнуваат учење преку игра, соработка и активна вклученост. Посебна вредност на средбата беше желбата на учесниците да воведат нови методи и да ја направат наставата подинамична и поинтересна. Сите си заминаа со практични алатки и нова мотивација.
Поради големиот интерес, средбата беше повторена — јасна потврда дека наставниците имаат потреба од вакви инспиративни професионални дружења.
