
Нина Николовска, ученичка во IX одделение во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, освои втора награда (86 поени) на државниот натпревар по вокална интерпретација, под менторство на Лариса Жулина-Митовски.
Натпреварот беше реализиран во организација на Здружението на музички педагози на Република Македонија (ЗМПРМ) и се одржа во Свети Николе.
📣 Искрени честитки до Нина за постигнатиот извонреден резултат и достојното претставување на училиштето!