
Во период од 13 до 18 Декември2021 година во рамките на Ерасмус плус проектот “Целиот свет е сцена”нашето училиште учествуваше на мобилност во Визеу,Португалија.
Претставници кои зедоа учество беа наставниците Елена М Давидовска наставник по англиски јазик воедно и координатор на проектот и Изабела Павловска одделенски наставник како и учениците Глорија Груевска,Марија Стојчевска,Константин Давидовски и Александар Јакимовски.Целта на овој проект е преку театар и актерство да се усовршат вештините по англиски јазик.Учениците и наставниците имаа можност да де запознаат и разменат искуства со учесници од пет други европски држави меѓу кои освен С. Македонија и Португалија учествуваа и Полска,Романија,Италија и Турција.
Во рамките на мобилноста беа посетени повеќе градови како Авеиро или португалска Венеција ,Квинбра и еден од петте најстари универзитети во Европа како и Порто еден од најголемите туристички центри во Португалија.
Мобилноста заврши со филмувана верзија на театарска претстава The Pied Piper of Hamelin во изведба на сите ученици кои беа учесници во проектот.Целата мобилност е финансирана од страна на европската унија.