По повод 5 Октомври – Денот на учителот, учениците од ПОУ с. Жидилово учествуваа во креативна, емотивна и забавна активност посветена на значењето на наставничката професија.
Преку разговор и заедничко размислување, учениците одговараа на прашањата:
💭 Зошто професијата наставник – учител е една од најважните професии во светот?
💭 Што би бил светот без наставници?
Во креативниот дел од активноста, секој ученик доби ливче на кое нацрта и напиша кратка порака посветена на наставниците. Потоа, учениците ги прочитаа своите пораки и ги споделија своите искрени мисли и чувства.
Преку оваа активност учениците покажаа дека наставникот не е само оној кој пренесува знаење, туку и личност која инспирира, охрабрува, воспитува и остава трага во животот на секој ученик. ❤️📚