
На 26 декември 2024 година во салата „Партизан“ се одржа традиционалниот новогодишен концерт на кој настапија ученици од класите на Лариса Жулина-Митовски, Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и Марјан Бошковски. Концертот вклучуваше соло изведби на пијано и хармоника, како и камерни изведби на дела од барокна, класична, современа филмска и народна музика. Публиката уживаше во изведбите и изрази благодарност до сите ученици и нивните наставници.