Учениците и нивните ментори од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно се вклучија во кампањата „Читаме гласно – говориме јасно“, која започна на 2 февруари 2025 година, во чест на Светскиот ден на читањето и ќе трае до крајот на месецот.

🔹 Цел на кампањата:
✅ Поттикнување на културата на јавно читање
✅ Развивање на јасен и разбирлив говор
✅ Негување на македонскиот литературен јазик

🔹 Читањето придонесува за постигнување успеси во училишните задачи, како и стекнување соодветни знаења и вештини.

🔹На овој начин се работи на превенција од појава на тешкотии при читање, дислексија, особено во ерата во која живееме на модерни технологии и запоставеност на читање печатени книги.

🔹Книгата е во центарот на вниманието на детето и претставува извор на знаења, корисни и возбудливи искуства.

🔹Дружењето со книгите и читањето го збогатува речникот на најмладите, го зголемува фондот на нивните знаења, бидејќи она што го читаат можат да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе.

📌 Автори и координатори на кампањата:
👩‍🏫 Лариса Жулина-Митовски – наставник-ментор, ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка
📚 Ирена Белешковска – филолог, новинар и поет, литературен клуб „Калин“