
📅Во периодот од 10 до 14.03.2025 во библиотеката на нашето училиште ,, Свети Јоаким Крчовски “ се одржаа повеќе работилници под наслов ,,Пролетна приказна“. Во работилниците учествуваа учениците од второ и трето одделение под менторство на нивните одделенски наставници и библиотекарите. 📖
🌿✨Секој ученик изработи цвет за уредување на училишниот ходник на кој испишаа и оставија значајни пораки од едукативен и воспитно – образовен карактер. 🎨📚Работилниците ја поттикнаа креативноста и позитивните вредности кај учениците, претворајќи ја библиотеката во простор за инспирација и учење.🌼💡