
📅На 26 март 2025 година, учениците од III-4 одделение, заедно со нивната одделенска наставничка Даниела Ѓорѓиовска, одржаа креативна работилница во училишната библиотека. Тие го претставија ликот на Шеќерното дете од лектирата Шеќерна приказна од Славко Јаневски преку подготовка и дегустација на слатки колачи.
👩🏫Пораката од активноста беше дека Шеќерното дете, каде и да оди, ја споделува својата слатка магија, носејќи добрина, радост и топлина.
На следниот линк можете да ја погледнете презентацијата: линк.