
🎹 Денес во нашето училиште го прославивме Светскиот ден на пијаното! 🎶
✨ 📌 Одржавме пет концерти за учениците од 1 до 9 одделение, каде што уживавме во магијата на пијаното и прекрасните изведби на младите таленти.
🎨🎼 Исто така, преку интегрирана настава ги споивме звукот и уметноста – учениците слушаа музика и ја пренесоа својата креативност преку цртежи.
Светскиот ден на пијаното се слави на 29 март секоја година, бидејќи тоа е 88-от ден од годината, симболично одговарајќи на бројот на клавишите на пијаното. Настанот е инициран од германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам. Тоа е ден, кој не е посветен само на познатиот уметник од Берлин, туку и на прекрасниот инструмент со клавијатура. На денот на настанот во целиот свет љубителите на пијано одат на концерти.