На 28 март 2025 година, во просториите на СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово се одржаа регионалните натпревари по француски јазик за осмо и деветто одделение – Олимпијади, на кои учествуваа ученици од североисточниот регион на Македонија.

На натпреварите учествуваа ученици од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка:

📌 Осмо одделение:

  • Ива Стојановска (8-5)
  • Симеон Ристовски (8-5)
  • Матеа Јовановска (8-5)
  • Стефана Јакимовски (8-5)

📌 Деветто одделение:

  • Лука Петковски (9-5)

Учениците, под менторство на проф. Елена Николовска, покажаа солидни знаења и јазични вештини по француски јазик, претставувајќи го училиштето со посветеност и ентузијазам.

Честитки за сите учесници! 🎉