Светскиот ден на здравјето, кој секоја година се одбележува на 7 април под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО), претставува ден посветен на подигање на свеста за значењето на здравјето и благосостојбата на луѓето ширум светот.

Активности по повод Светскиот ден на здравјето

Учениците од нашето училиште активно се вклучија во одбележувањето на овој значаен ден преку низа креативни и едукативни активности. Тие изработија презентации и цртежи на теми поврзани со здравиот начин на живот, личната хигиена, правилната исхрана и потребата од редовна физичка активност.

Нивните трудови претставуваат силна порака и поттик за сите нас – да се грижиме повеќе за своето здравје и за здравјето на заедницата. 🌍💚