Врз основа на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година на Општина Крива Паланка , Општина Крива Паланка објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ

за деца од  7 до 14 години ученици  од второ до деветто одделение во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ за 2025 година

Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:
1. Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
2. Семејства на самохран родители;
3. Деца без родители и родителска грижа;
4. Деца на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминува нето приходот од 35.000 денари;
5. Деца од семејства со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.

кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување во просториите на архивата при Општина Крива Паланка.

Јавен повик за безплатно летување
Програма за бесплатно летување
Пријава за деца без родители
Пријава за деца од семејства со примања до 35000 денари
Пријава за деца од семејства со примања до 50000 денари
Пријава за деца со самохрани родители
Пријава за деца  – приматели на социјална помош