Драги ученици, наставници и вработени,
Нека ни е честит патрониот празник на нашето училиште – ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка, со искрени желби за многу успеси во годините што претстојат.
Чествувањето на патронот е потсетување на нашето културно и образовно наследство. Со одбележувањето на овој ден, ние ја изразуваме нашата почит кон ликот и делото на Свети Јоаким Крчовски, но и го славиме континуираниот раст и развој на нашето училиште.
Нека ни е за многу години денот! Честит празник!
Со почит,
Анета Стојковска
Директор на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка
Ви ја претставуваме презентацијата изработена во чест на патрониот празник на нашето училиште – ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, кој го одбележуваме на 23 мај 2025 година.
Проследете ја на следниот линк и заедно да го одбележиме овој значаен ден: