
Денес нашето училиште го посетија идните првачиња од ОЈУДГ „Детелинка“. Во пријатна и весела атмосфера, тие имаа можност да се запознаат со училишните простории, да се дружат и активно да учествуваат во креативни и едукативни активности заедно со нашите ученици.
Им посакуваме безгрижен, весел и сончев летен одмор! Со радост ги очекуваме повторно во септември – топло добредојде на новите членови на нашето училишно семејство! 🍀❤️
Овие моменти ќе останат запаметени преку насмевките на фотографиите подолу.