
Europ’Raid по петти пат престојуваше во Крива Паланка
Во рамки на 10тото издание на Europ’Raid од Франција, околу 700 Французи престојуваа во нашиот град, а младите франкофони од ООУ “Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка по петти пат подготвија извонреден музички спектакл збогатен со глума на француски јазик под менторство на професор Елена Николовска. Имено, екипите на Europ’Raid поминаа илјадници километри низ 20 земји, со цел да се запознаат со нивната култура и традиција, а нашите франкофони ги израдуваа со најразличен училишен прибор кој ќе им биде доделен пред почетокот на новата учебна година. Упатуваме голема благодарност до екипите на Europ’Raid, до Општина Крива Паланка и сите институции кои беа вклучени во реализацијата на овој прекрасен настан кој прераснува во традиција.