Учениците од нашето училиште го одбележаа 1 Октомври – Меѓународниот ден на музиката. Подготвија презентација за историјата на празникот, како и интересни факти и цитати за музиката.
Се запознаа и со Музичката карта за движење, Се запознаа и со Музичката карта за движење, која претставува одлична интерактивна алатка за учениците, бидејќи на забавен и креативен начин им овозможува да ја доживеат музиката преку движење и игра.
По тој дел, учениците одржаа концерт, дружеа се, свиреа и пееја заедно, создавајќи атмосфера исполнета со радост и хармонија.
Музиката е јазик што сите го разбираме – таа нè поврзува, инспирира и ни го прави светот поубав.