Фондацијата Бел Идеал од Франција веќе неколку години има плодна соработка со нашето училиште при тоа донирајќи француска литература за училишната библиотека и мотивирајќи ги нашите франкофони преку учество на повеќе франкофонски манифестации, натпревари, кампови и патувања во Париз.
Имено, на почетокот на новата учебна година, фондацијата на најмладите франкофони од шесто одделение од нашето училиште како и учениците од подрачните училишта кои го изучуваат францускиот јазик, им посака среќна и успешна учебна година подарувајќи им француско – македонски илустративни речници кои ќе им ја олеснат наставата по француски јазик.
✅️ Упатуваме голема благодарност до фондацијата Bel Idéal за постојаната поддршка на франкофоните од нашето училиште.