На 9 октомври 2025 година, наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно учествуваа на стручна и инспиративна работилница посветена на професионалниот развој и важноста на меѓусебната поддршка и соработка меѓу колегите.

Работилницата ја водеше наставничката Лариса Жулина-Митовски, која со своето излагање ги поттикна наставниците на дискусија, размена на идеи и планирање на идни активности.

Темите опфатија:

☑️ Членување во Здружението на одделенски наставници – ЗОН

☑️ Учество на 2-рата конференција „Менталното здравје кај децата и младите“

☑️ Одбележување на светски денови