Денес учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ со достоинство и почит го одбележија празникот на градот. Со положување на свежо цвеќе на споменикот пред општината, тие испратија порака на благодарност и сеќавање, потсетувајќи на важноста на заедничката историја и локалниот идентитет.

Во училишната библиотека беа одржани креативни и едукативни работилници по повод овој значаен празник, на кои учениците преку разговор, читање и уметничко изразување ја продлабочија својата љубов кон татковината и благодарноста кон генерациите што се бореле за нејзината слобода.