Денес учениците во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка го одбележаа 16 Октомври – Светскиот ден на храната, со низа активности посветени на темата за здравата исхрана и правилните животни навики.

Учениците најпрво разговараа за вредноста на храната и нејзиното значење за нашето здравје, како и за тоа колку е важно да не се фрла храна и да се помогне на оние кои се соочуваат со глад. Преку истражување на интернет, децата дознаа колку луѓе во светот минатата година немале доволно храна, што ги поттикна на размислување и сочувство.

Во продолжение следуваше творечка активност – боење наставен лист со симболи на здрава храна и правилна исхрана.

Под мотото „Јадам здраво, живеам здраво!“ 💚 учениците практично покажаа што значи грижата за себе и за своето здравје. Од свежо овошје и зеленчук подготвија овошна салата и смути – вкусни, шарени и многу здрави! 🥝🍎🥕

На часот по природни науки зборувавме за тоа зошто е важно секој ден да избираме витамини наместо грицки, а учениците со голема радост и насмевки самостојно ги создадоа своите пијалаци полни со енергија и љубов. 🥤💫

Здравите навики се стекнуваат од мали нозе – а нашите ученици тоа одлично го знаат! 🌱

Учиме, готвиме и растеме здраво во нашето училиште!