Учениците од 8-1 одд од ООУ “Свети Јоаким Крчовски” – Крива Паланка учествуваа на музичко-образовниот настан Sunovision dansante 2025, организиран во чест на Меѓународниот ден на
професорите по
француски јазик, кој има за цел да ја истакне примената на алатката за вештачка интелигенција – Suno во учењето на францускиот како странски јазик и промоција на активностите од обуката.
Настанот се одржа во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во организација на Здружението на професори по француски јазик, а на истиот се обрати Амбасадорот на Република Франција, господинот Кристоф Ле Риголер.