Реализирани активности од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
И во учебната 2025/2026г. во нашето Училиште ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, продолжуваат да се реализираат активностите кои се дел на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Според тоа имавме планирано со партнер училиштето реализирање на заедничката средба.
Оваа учебна година, во договор со нашето Партнер училиште ООУ „Јероним Де Рада“ од с. Черкези – Куманово“, постапувајки според насоките за аплицирање за Грант, нашето Училиште ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ на 29.11.2024 година поднесе заедничка Апликација за грант за оваа учебна година Апликацијата беше успешна и го добивме Грантот за реализирање на заедничките активности со Партнер – училиштето ООУ „Јероним Де Рада“ од с. Черкези – Куманово“.
Во апликацијата се предвидени 4 заеднички активности и тоа: 1. Работилница: „Го учиме јазикот на другата етничка заедница“ – преку употреба на англискиот јазик, со цел учениците да се запознаат меѓу себе и да се постигне интеракција и градење на дух на сорабдругата етничка заедница. 2. Работилница: ,,Во игрите сите сме еднакви“. Преку активноста се очекува да се постигне интеракција и градење на дух на соработка во мешани групи на ученици, да се постигне дружење и запознавање преку игра. И покрај компетитивниот карактер на игрите, активноста ќе има посебен фокус на соработка и градење на тимски дух во рамките на екипите. 3. Работилница: ,,Пријателството – фактор за развој на мултикултурализмот“. Активноста ќе придонесе учениците да се запознаат преку заедничка изработка на разни видови творби: ликовни, литературни и сл. Со тоа ќе се овозможи интеракција и градење на дух на соработка во мешани групи на ученици, да се постигне дружење и запознавање преку игра, развивање на вештини за групна работа, разгледување решенија и донесување групни одлуки, критичко размислување и развивање на креативноста кај учениците. 4. Работилница: „Ја учиме и споделуваме традицијата“.Активноста ќе придонесе за развивање на вештини за групна работа, разгледување решенија и донесување групни одлуки, критичко размислување и развивање на креативноста кај учениците. Заеднички ќе можат да дојдат до нови сознанија и ќе се постигне интеракција и градење дух на соработка во мешани групи. Активностите беа реализирани на 17.11.2025 година во ООУ,,Јероним Де Рада”-с.Черкези-Куманово. со мешана група на ученици од 1. до 9. одделение. Исто така учествуваа и наставници и родители кои помагаа во реализирањето на активностите.
Очекуваме да имаме ефекти во однос на тоа што планираните
активностите ќе влијаат кон подобрување на вештините на учениците да работат заедно и да донесуваат заеднички одлуки во мешана група. Исто така ќе има и подобрена интерперсонална комуникација и соработка меѓу учениците.
Имавме успешна реализација на сите планирани активности, а со тоа ја постигнавме нашата заедничка цел да живееме во едно итегрирано мултиетничко општество каде ќе царува мирот, толеранцијата и искреното почитување на другите.