Денес во Гимназијата “Гоце Делчев ” во Куманово се одржа регионален натпревар по француски јазик за учениците од седмо одделение од северноисточниот дел на Македонија.
На натпреварот, младите франкофони од ООУ “Свети Јоаким Крчовски” – Крива Паланка : Бојана Младеновска 7-4 одд , Матео Тодоровски 7-4 одд, Петар Стаменковски 7-4 одд и Софија Младеновска 7-4 одд се истакнаа со своите јазични вештини и знаења по француски јазик под менторство на проф.Елена Николовска, а ученичката Бојана Младеновска освои
3то место и ќе учествува на државниот натпревар во декември.
Честитки драги ученици & ви посакуваме многу успеси во иднина. ![]()