На меѓународниот музички фестивал „Утринска ѕвезда“ кој се одржа во Банско, Република Бугарија училишниот оркестар, под раководство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои второто место во конкуренција со музички ансамбли од повеќе држави. Овој резултат претставува значајно признание за талентот, континуираната работа и посветеноста на младите музичари и нивниот ментор. 🎻✨
Посебно признание заслужува и Михаил Митровски, ученик од класата на проф. Жулина-Митовски, кој во категоријата пијано-соло го освои второто место. Неговиот настап беше оценет како технички прецизен и инспиративен.
Фестивалот обедини талентирани музичари од најмалку пет земји:
Република Бугарија
- Република Северна Македонија (претставници од Крива Паланка, Крушево, Гевгелија, Кавадарци, Скопје, Радовиш и Струмица)
- Украина
- Грција
- Индонезија
Организаторите истакнаа дека фестивалот „Утринска ѕвезда“ станува сè попопуларен во Бугарија и надвор од неа. Тој не е само натпревар – туку модерен модел на уметнички фестивал, со широк спектар на дисциплини, иновативен систем на гласање со вклучување на публиката, инклузивност за сите возрасти и професионален пристап кој поставува нови стандарди во уметничките настани.
Упатуваме искрени честитки до сите учесници, до нивниот ментор и до родителите кои го поддржуваат талентот и развојот на учениците. Овој успех претставува силен поттик за понатамошно унапредување на музичката култура и уметност во нашето училиште.
🎼🌟 Продолжуваме да создаваме музика, успех и инспирација.
🔗 Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк:
https://utrinnazvezda.com/event/mfi-bansko-2024/#i-4