На 17.12.2025 година (среда), во спортската сала „Бранители“ во Крива Паланка, се одржа Зонското првенство во кошарка за машки ученици од основните училишта. Натпреварите се реализираа во рамки на првото коло од зонските училишни спортски активности.
Учениците покажаа борбеност, спортски дух и тимска игра, придонесувајќи за динамични и квалитетни натпревари. По одигрувањето на натпреварите, беа постигнати следниве резултати:
1 место: ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово
2 место: ООУ „Илинден“ – Крива Паланка
3 место: ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка
Нашето училиште, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, достојно се претстави и го освои третото место, што претставува значаен успех и поттик за понатамошна работа и спортски ангажман на учениците.
Им честитаме на сите учесници и наставници за вложениот труд, фер-плејот и успешната организација на настанот.