На 24 декември 2025 година во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, се реализираше работилница за одделенски наставници, во организација на Тимот за професионален и кариерен развој.
Работилницата беше посветена на споделување современи пристапи, дигитални алатки и проектни искуства кои придонесуваат за поквалитетна, поинтерактивна и одржлива настава.
Агенда на работилницата:
Дисеминација на вебинарот „Моќта на вештачката интелигенција: Интерактивни лекции со Curipod“ – примери за практична примена на вештачката интелигенција во наставата;
Пополнување формулар за применета активност и стекнување сертификат за знаења од реализираниот вебинар;
Дисеминација на проектни активности во рамките на Еразмус+ проектот „Green Agripreneurship of Future“ – примери од реализација и можности за интеграција во наставата.
Презентација на процесот за најава и сертификација на платформата Agripreneurship.kids.
Работилницата ја реализираа наставниците Лариса Жулина-Митовски и Габриела Стојановска, кои преку јасни насоки и практични примери поттикнаа активна дискусија и размена на искуства меѓу наставниците.
Со вакви активности училиштето континуирано покажува посветеност кон професионалниот развој на наставниците, унапредување на дигиталните компетенции и активно вклучување во европски образовни иницијативи.
