На 12 февруари 2026 година во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ се одржа Europass работилница на тема „Изработка на Europass CV“, наменета за учениците од 8 и 9 одделение. На работилницата учествуваа вкупно 53 ученици.

Работилницата ја реализираше наставничката Габриела Стојановска, со цел учениците да се запознаат со значењето на биографијата (CV) и со можностите што ги нуди европската платформа Europass за претставување на сопствените знаења, вештини и интереси.

Преку интерактивна презентација и практични активности, учениците имаа можност да научат:

што претставува CV и зошто е важно,

како правилно се структурира една биографија,

како да се регистрираат и да започнат со изработка на Europass CV.

Особено интересен беше практичниот дел, каде што преку индивидуален пристап една ученичка успешно се регистрираше на платформата и започна со креирање на сопствено Europass CV. Ова претставуваше мотивирачки пример за сите присутни.

Учениците покажаа голем интерес, активно учествуваа во дискусијата и размислуваа за своите идни образовни и професионални цели. Работилницата придонесе кон развој на нивните дигитални и кариерни компетенции уште од основно образование.

Активноста беше реализирана со поддршка од Национална агенција за европски програми и мобилност.

Нашето училиште продолжува да вложува во активности кои ги подготвуваат учениците за идните предизвици и ги охрабруваат да го развиваат својот потенцијал.