Во текот на изминатата недела, во трето одделение се реализираше интегриран час на тема „Places in town“ (Места во градот), со поврзување на предметите англиски јазик, ликовно образование и општество.

Наставничката по англиски јазик, Елена М. Давидовска, заедно со одделенските наставнички Билјана Антовска, Билјана Алексовска и Елена Николовска, организираа креативна и интерактивна активност преку која учениците ги проширија своите знаења за местата во градот.

Учениците најпрво учеа и повторуваа зборови на англиски јазик како: school, hospital, park, police station, supermarket, library. Потоа разговараа за улогата и значењето на овие институции во секојдневниот живот (поврзување со предметот општество).

Во делот по ликовно образование, учениците цртаа места од својот град и ги претставуваа со кратки реченици на англиски јазик, како на пример: “This is a hospital.”, “This is a park.”

Преку оваа интегрирана настава, учениците развиваа јазични вештини, креативност, комуникација и тимска работа. Активноста беше исполнета со ентузијазам, учење преку игра и многу детски насмевки.