Во организација на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 28.02.2026 година се одржа општинскиот натпревар по географија за ученици од основното образование за учебната 2025/2026 година.
Нашите ученици, под менторство на м-р Игор Стојчевски, Добринка Митровска и Јасмина Јовановска, успешно го претставија училиштето и ги постигнаа следниве резултати:
6-то одделение:
•Ива Петровска – 88 поени
7-мо одделение:
•Бојана Младеновска – 93 поени
•Петар Стаменковски – 89 поени
8-мо одделение:
•Глорија Стојмировска– 97 поени Михаил Јовановски-97 поени и Никола Ѓоргиевски-97 поени
9-то одделение:
•Илија Младеновски – 85 поени
Им честитаме на сите ученици за покажаното знаење, труд и посветеност, а на овие ученици им посакуваме многу успех и во понатамошните натпреварувања!