Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21-ви март – симболично избран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на овие лица.
По повод 21-ви Март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, учениците од „ООУ Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка од II-1, II-2, II-3, II-4, III-5, IV-1, IV-3 и IV-5 одделение сплотени учествуваа во одбележување на овој ден. Правејќи едно големо срце, во шарени чорапчиња, од срце им дадоа подршка на лицата со Даунов синдром. Покажаа дека иако сите сме различни, сепак сме исти!
Симболот на овој ден се распар шарени чорапи кои учениците ги изработиа за да ја истакнат различноста поврзана со 21-от хромозом, а преку тоа изразија љубов, поддршка и разбирање, затоа што луѓето со Даунов синдром не можат да ги спарат.