На 64-тиот државен натпревар на ученици во основното музичко образование, кој се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од нашето училиште постигнаа забележителни резултати.
Дисциплина: Пијано
(под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски)
Уна Златановска (II одделение) – Прва награда (95,50 бодови)
Михаил Митровски (II одделение) – Втора награда (90,00 бодови)
Мила Младеновска (III одделение) – Трета награда (88,50 бодови)
Дисциплина: Хармоника
(под менторство на проф. Дејан Ангеловски)
Јован Јосимовски (IV одделение) – Трета награда (88,75 бодови)
Павел Јосимовски (IV одделение) – Трета награда (87,75 бодови)
Натпреварот е во организација на Здружението на музички и балетски педагози, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Овие натпревари се реализираат како постојана и значајна манифестација во рамките на системот на стручното музичко и балетско образование во Република Северна Македонија, со цел:
- вреднување на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците;
- рангирање според постигнувањата;
- откривање и поттикнување на талентирани ученици;
- согледување на степенот на развој на музичкото образование;
- професионална ориентација на наградените ученици;
- размена на педагошки искуства.
Постигнатите резултати се уште една потврда за континуитетот и квалитетот во работата на нашето училиште, кое успешно ја негува традицијата во создавање квалитетни музички кадри и во развојот на музичката писменост и култура.