На ден 09.04.2026 година(четврток) во нашето училиште се одржа едукативно предавање наменето за ученичките од V и VI одделение, во рамки на програмата Always, која се реализира со одобрение од Министерството за образование.
Предавањето го одржа д-р Анастасија Манасијевска, доктор по општа медицина и долгогодишен предавач на програмата.
Ученичките имаа можност да се запознаат со повеќе важни теми поврзани со нивниот раст и развој, меѓу кои: физичките и емоционалните промени во пубертетот, личната хигиена, основите на репродуктивното здравје, како и менструалниот циклус и грижата за себе во тој период.
Преку отворена и прилагодена комуникација, ученичките активно учествуваа и покажаа интерес за темите кои се од особено значење за нивниот правилен развој.
За да биде успешно реализирано предавањето беше поддржано од психолозите на училиштето, кои активно учествуваа во комуникацијата со предавачот, известувањето, договарањето на термините и собирањето на согласности.