На 9 април 2026 година, во просториите на СОУ ” Гоце Делчев ” – Куманово, се одржаа регионални натпревари по француски јазик за осмо и деветто одделение – Олимпијади од основните училишта.
Младите франкофони од ООУ ” Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка: Јоана Илиевска 8-1 одд, Јована Станојковска 8-1 одд, Мартина Ангеловска 8-1 одд, Мила Ѓошевска 8-1 одд, Ива Стојановска 9-5 одд и Симеон Ристовски 9-5 одд, под менторство на проф.Елена Николовска, учествуваа на овие натпревари и постигнаа солидни резултати.
Ученичката Ива Стојановска од 9-5 одд освои
3 место и ќе учествува на државниот натпревар за деветто одделение – Олимпијади во Скопје.
Честитки Ива & ти посакуваме многу успеси на државен ![]()
![]()
![]()