По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, учениците од III одделение од ПОУ с. Нерав активно учествуваа во креативни и едукативни активности посветени на книгата.
Изработија своја мини-книга и оставија простор секое дете да се потпише како автор.
Пишуваа кратки реченици за книга, а потоа го цртаа она што го напишале и прочитале.
Разговараа за книгата како наш најдобар другар, кој им помага да ја развиваат љубовта кон читањето и учењето.
Преку овие активности учениците ја согледаа вредноста на книгата и ја поттикнаа својата креативност, имагинација и љубов кон читањето.