По повод 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право, Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип распиша литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема: „Книга – волшепство помеѓу две корици“.

Комисијата беше во состав: проф. Јованка Денкова и Трајче Кацаров.

Писателот Трајче Кацаров им посочи на учесниците и менторите како да ги претстават своите автентични творби, осврнувајќи се на емоциите што книгата ги буди кај нив и на искуствата од прочитаните книги.

Наградени ученици од нашето училиште се:

Категорија I–V одделение:
🥈 2 место – Петар Вучковски, ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка
Ментор: Јагода Ангеловска

🥉 3 место – Мелани Дејановска, ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка
Ментор: Биљана Петковска-Антовска

Честитки за учениците и нивните ментори за успешното претставување и за љубовта кон пишаниот збор! 📚✨