На 21 октомври 2026 година, учениците од нашето училиште, заедно со своите наставници, уживаа во прекрасниот есенски ден исполнет со спортски и рекреативни активности, игри, прошетки и дружење.
Преку заедничките активности, учениците покажаа тимски дух, соработка и меѓусебна поддршка. Есенското сонце, детскиот џагор и искрените насмевки придонесоа за прекрасна атмосфера и незаборавни моменти.
Успешно реализиран есенски излет исполнет со радост, забава, игра и убави спомени!