Со особена чест и гордост објавуваме дека учениците од VII одделение при ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ постигнаа извонреден успех, освојувајќи прво место на општинскиот натпревар по Прва помош.
Овој значаен резултат е плод на нивната посветеност, одговорност, тимска работа и сериозна подготовка.
Учесници на натпреварот беа:
Викторија Петровска VII²
Нина Ѓорѓиевска VII³
Никола Јанковски VII¹
Анабела Атанасовска VII¹
Софија Младеновска VII⁴
Надија Давитковска VII⁵ – капитен
Голема заслуга за успехот имаат и нивните ментори:
Мелита Стојановски, Маја Златковска, Гордана Митровска и Јасминка Јовановска, чија стручна поддршка и ангажман беа од клучно значење.
Упатуваме искрени честитки до учениците и менторите за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу понатамошни достигнувања и успеси.