На ден 30.04.2026 година во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка се одржа училишен натпревар по историја со учениците од VI одделение.
Учениците покажаа солидно знаење, интерес и натпреварувачки дух, а постигнати се следните резултати:
🥇 Прво место – Хана Тодоровска (VI-2) со освоени 86 поени
🥈 Второ место – Алекс Велиновски (VI-4) со освоени 85 поени
Натпреварот беше успешно реализиран под менторство на наставникот по историја Блажо Јакимовски.
Им честитаме на учениците за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина