Во Европската куќа во Крива Паланка на 6-ти Април беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите, каде што се одржа свечен настан на кој што се потенцира важноста на ромската традиција, култура и заедништво. На овој свечен настан се истакна културата на Ромите, нивниот придонес и развој во културниот и социјалниот живот во нашето општество.
Настанот беше организиран од Општината Крива Паланка и фондацијата “Со срце за Крива Паланка”, при што беа доделени признанија на најуспешните ученици – Роми од оснивните и средните училишта. Исто така, на талентираните ученици им беа доделени ваучери за набавки на дигитални уреди, ранци и признанија и им беше дадена поддршка во нивниот развој и понатамошна афирмација.
Од нашето училиште “Свети Јоаким Крчовски” за најталентирани Роми беа избрани:
Лукас Камеровски -VII-4 одд. и
Анела Камберовска-IX-1 одд.