Во периодот од 02.05.2026 до 10.05.2026 година, наставници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ реализираа Erasmus+ мобилност во Муѓла, Турција.
Учесници на мобилноста беа:
Елена М. Давидовска – координатор на проектот
Анета Стојковска
Габриела Стојановска
Изабела Павловска
Јасна Ѓорѓиевска
Целта на мобилноста беше унапредување на професионалните компетенции на наставниците во областа на STEAM образованието и интеграцијата на дигитални алатки во наставниот процес. Во текот на обуката учесниците посетуваа предавања, работилници и практични активности поврзани со современи наставни методи, креативно размислување, тимска работа и ученик-центрирана настава.
Посебен акцент беше ставен на употребата на дигитални алатки во образованието и нивната примена за подобрување на интересот и мотивацијата кај учениците за наука, технологија и иновативно учење. Учесниците имаа можност да разменат искуства и добри практики со колеги од други европски земји и да се запознаат со успешни примери на STEAM активности.

Со реализираната мобилност наставниците стекнаа нови знаења, идеи и вештини кои ќе придонесат за поквалитетна и поинтересна настава. Стекнатите искуства ќе бидат споделени со останатиот наставен кадар преку презентации и интерни активности во училиштето, со цел примена на современи и иновативни образовни пристапи.