На 14.05.2026 година учениците учествуваа и во втора драмско-образовна работилница посветена на ненасилна комуникација, групниот притисок и важноста од врсничка поддршка.
Преку кратки сценарија и заедничко креирање решенија, учениците разговараа за тоа како понекогаш молчењето, исмејувањето или исклучувањето можат да повредат исто колку и директните навреди. Особено внимание беше посветено на улогата на сведоците и на тоа како секој ученик може да придонесе за побезбедна и поподдржувачка училишна средина.
Работилницата се реализираше во позитивна и активна атмосфера, со голема вклученост на учениците и многу конкретни идеи за подобра меѓусебна комуникација и почитување на различностите.
Активноста ја реализираа Бранкица Дуковски – социјален работник, Наташа Петровиќ – психолог и Ивана Василевска Петровска – магистер специјален едукатор и рехабилитатор од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје.