По повод патрониот празник на нашето училиште, „Свети Јоаким Крчовски“, се реализираа низа активности исполнети со свечена атмосфера, креативност и заедништво.
Во Домот на културата се одржа пригодна приредба со учество на ученици од нашето училиште. Публиката имаше можност да ужива во настапите на училишниот хор и оркестар, драмската изведба, музичките точки, како и во модната ревија со еколошка тематика, преку која учениците испратија силна порака за зачувување на животната средина и значењето на рециклирањето.
Во рамките на одбележувањето беше организиран и спортски ден, како и литературно читање во чест на нашиот патрон. Учениците преку спортските активности го покажаа својот тимски дух, а преку литературното читање ја истакнаа својата креативност и почит кон ликот и делото на Свети Јоаким Крчовски.
Со овие активности уште еднаш се потврди дека нашето училиште е место каде се негуваат знаењето, уметноста, креативноста и вистинските вредности.
На следниот линк може да ја погледнете презентацијата по повод патрониот празник на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка: https://heyzine.com/flip-book/49e7cb486b.html
![]()
