На 26 август 2026 година, во ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, беше реализирана дисеминациска средба посветена на искуствата и стекнатите знаења од Erasmus+ мобилноста од проектот”Transformation in educatiin from digital to STEAM”– обука за STEAM образование и дигитални алатки, реализирана во Даламан, Турција.
На средбата беа презентирани современи и иновативни методи за примена на STEAM пристапот во наставата, како и практични можности за користење на Canva, Scratch, Tinkercad, Padlet и Google Workspace. Посебно внимание беше посветено на дигиталното раскажување, stop-motion анимацијата и интердисциплинарните проекти.
Преку размена на идеи и практични примери, присутните наставници имаа можност да се запознаат со нови пристапи кои можат да ја направат наставата покреативна, интерактивна и современа.
Средбата претставуваше уште еден чекор кон споделување на европските искуства и нивна примена во училишната средина.