На 14 октомври 2026 година, во објектот „Партизан“, во организација на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, се одржа работилница за наставници на тема „Професионален развој и стручни активности“.
Работилницата ја реализираше проф. Лариса Жулина-Митовски, со цел поттикнување на професионалниот развој на наставниците, размена на искуства и унапредување на наставната практика преку современи образовни иницијативи.
Во рамките на работилницата беа обработени следниве теми и активности:
- Учество во EU Code Week – Недела на кодирање и можностите за интегрирање на кодирањето во наставата;
- Подготовка за одбележување на десеттото издание на Еразмус деновите;
- Разгледување на Отворениот повик за наставници по природни науки;
- Одбележување на светски денови преку едукативни активности;
- Зачленување и активно учество во Клубот на наставници;
- Зачленување во Здружението на одделенски наставници – ЗОН;
- Подготовка за активноста „Даскалско кафе“, преку која наставниците ќе споделуваат знаења, искуства и добри практики со своите колеги.
Работилницата претставуваше можност за професионално поврзување, планирање идни активности и поттикнување на соработката меѓу наставниците. Преку ваквите средби се создаваат услови за континуиран професионален развој, примена на иновативни пристапи и подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.