Во рамките на Европската недела на кодирање (EU Code Week), учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка се вклучија во одбележувањето на десеттото издание на Еразмус деновите (Erasmus Days).

Преку креативна едукативна активност, учениците го решаваа предизвикот „Erasmus Days“ со примена на кодирање со бои и броеви. Според дадениот код, ги препознаваа боите и ја обојуваа илустрацијата, развивајќи ги логичкото размислување, вниманието, концентрацијата и креативноста.

Активноста ја истакна поврзаноста на кодирањето, учењето преку игра и европската образовна соработка, поттикнувајќи интерес за програмата „Еразмус+“, размената на искуства и запознавањето со различни култури.

Со оваа активност, училиштето ја потврдува својата посветеност на иновативното образование, развојот на дигиталните компетенции и промовирањето на европските вредности.