На ден, 23.03.2023г. учениците од нашето училиште, ООУ “Јоаким Крчовски”, Крива Паланка, беа гости во емисијата “Ѕвон” на МРТ и го претставија училиштето во најдобро светло, на тема: “Еколошка пролет”. Преку песни, рецитал, забава, креативни и уметнички способности, покажаа колку посветено и одговорно ја креираат својата иднина и личност, со јасна порака за подигање на еколошката свест кај луѓето и подобрување на квалитетот на животот и опстанокот на сé што е живо на планетата Земја. Истовремено ги истакнаа и освоените награди и проектите кои се работат во нашето училиште, кои сите нé прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.
Програмата беше збогатена со следниве настапи:
- Учениците Бисера и Ева од VIII и Александар од VII одделение беа задолжени да го претстават нашето училиште преку личната карта на училиштето и проектите во кои учествува ООУ„ Јоаким Крчовски“ .
- Учениците, Валерија, Илина, Јаков, Ина и Јована од III одд., настапија со рецитал на тема – Еколошка пролет, под менторство на одделенските наставнички Биљана, Елизабета, Александра, Гордана и Снежана.
- Ученици од VII, VIII, IX одд. направија Еко – модна ревија, на која и претходеше еколошка акција и од собраниот материјал покажаа дека може да се направат уметнички дела. На изработка на моделите работеа 6 тима од по 5 ученика, а во емисијата се претставија 6 модели, Илијана, Лора, Нина, Ива, Мелани и Стефани, кои беа претставени од страна на Невена. Оваа активност беше под менторство на наставничките Георгина и Христина, одговорни на секцијата – Ученички иницијативи.
- Братот и сестрата, Матеј од V одд. и Меглена од IV одд. настапија во живо на клавир со композиција од современ англиски композитор Елена Девис, насловена “Две глувчиња”, под менторство на наставничката Лариса Жулина Митовски.
- Дамјан Митовски ученик во V одд. и Софија Станковска ученичка во IV одд. изведоа песнички со кои имаа настапувано на Кривопаланечкиот детски фестивал, “Распеано симитче, 2022”. Дамјан настапи со песничката под наслов Јутјубер, а Софија ја изведе песничката под наслов Тикток.
- Во креативните катчиња беа изложени креативни изработки од учениците од V одделение, а нивни претставници во емисијата беа Јоана, Теодора, Ивана, Николија, Игнат, Исидора, Драгана, Мила и Дениција, кои со виткање и обликување на хартија создаваа пиленца, пеперутки, бубамари, пчелки цвеќенца. Оваа активност беше под менторство на нивните одделенски наставници, Биљана, Елена, Биљана, Кристинка и Елизабета.
- Ликовното катче со своите ликовни техники го збогатија:
- Анамарија од VII одд. која се претстави со комбинирана техника од темперни бои и сув пастел и Марија од V одд. која се претстави со техника витраж.