
Учениците од нашето училиште заедно со учениците од училиштето партнер „Јероним Де Рада“ од с. Черкези учествуваа на музичка работилница под наслов „Остави го таблетот, посети ја детската музичка работилница“, која се одржа на 29.11.2024 година во Europe House Крива Паланка.
Работилницата започна со едукативна сесија, каде што учениците слушаа за историјата на музиката и инспиративните приказни на големите композитори како Лудвиг ван Бетовен и Јохан Себастијан Бах.
По едукативниот дел, учесниците креативно изработуваа музички инструменти од различни материјали, комбинирајќи уметност и практичност. Додека се создаваа инструментите, на пијано свиреа учениците од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски. Атмосферата беше дополнета со настап на хорот на професорката Шермин Мемеди-Ајдини, кој ја воодушеви публиката со својот репертоар.