По повод Меѓународниот ден на детето, во нашето училиште организиравме активности преку кои учениците ги истакнаа своите мисли, желби и пораки за подобар свет.
Преку креативни изработки, разговори и заедничка работа, тие испратија искрени пораки за почитување, другарство, еднаквост, мир и љубов. Учениците нè потсетија дека секое дете има право на среќно детство, квалитетно образование, игра, безгрижност и можност да ги следи своите соништа.
Да се почитуваме, да си помагаме и да бидеме добри другари!
Да играме, да се смееме и да уживаме во секој ден!
Да учиме нови работи и храбро да ги следиме нашите соништа!
Секој од нас е посебен, вреден и важен!
Нека има мир, љубов и радост во целиот свет!
Детските насмевки, искреност и креативност се најубавиот потсетник дека иднината е во нивните раце. Наша заедничка задача е да создадеме свет во кој секое дете ќе расте среќно, безбедно и исполнето со љубов.
Среќен Меѓународен ден на детето!